Џонсон: Британија се противи на гасоводот Северен тек 2

Борис Џонсон
Борис Џонсон/ Фото: EPA-EFE/JESSICA TAYLOR/UK PARLIAMENT HANDOUT MANDATORY CREDIT: UK PARLIAMENT/JESSICA TAYLOR HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Британскиот премиер Борис Џонсон на министерски состанок го истакна противењето за гасоводот Северен тек 2, изјави денеска неговиот портпарол, пренесува Ројтерс.

Тој го нагласи британското противење на гасоводот Северен тек 2, кој може да ги пренасочи пратките од Украина и може да има значителни безбедносни импликации во регионот.

Џонсон, исто така, ја повтори својата загриженост за ситуацијата на украинската граница и нагласи дека Велика Британија ќе продолжи да го поддржува територијалниот интегритет на Украина, рече портпаролот.

Гасоводот Северен тек 2 ги поврзува Русија и Германија под вода и беше финансиран од рускиот енергетски гигант Газпром и неговите европски партнери, и покрај противењето на САД и некои европски земји како Украина и Полска.

Гасоводот чека одобрение од германски регулатор за да почне со комерцијална продажба на гас. Германската агенција за мрежни работи денеска привремено го суспендираше процесот на издавање на дозволата бидејќи компанијата што управува со гассот не е согласно германските закони.

Москва посочува дека „Северен тек 2″, кој ќе го удвои капацитетот на Русија за испорака на гас преку Балтикот на 110 милијарди кубни метри, може да биде спас за европскиот пазар за гориво, соочен со недостиг и огромни зголемувања на цените.

Бидејќи „Северен тек 2″ ги заобиколува постоечките транзитни земји како Украина, со тоа ја загрозува нејзината економија која е зависна од транзитните такси.

Двоумењето на Џонсон

Џонсон вчера рече дека Британија наскоро ќе мора да избере меѓу потпирањето на руските јаглеводороди и поддршката на Украина, мирот и стабилноста.

„Кога велиме дека го поддржуваме суверенитетот и интегритетот на Украина, тоа не е затоа што сакаме да бидеме против Русија, или затоа што на некој начин сакаме стратешки да ја опколиме или поткопаме таа голема земја“, рече Џонсон во говорот објавен од неговиот кабинет.

Џонсон: Или ќе одиме со руската енергетика или ќе ја поддржиме Украина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот