Џон Мекинро предупредува, Саудијците влегуваат и во тенисот

EPA-EFE/ANDY RAIN

Поранешниот голем ас смета дека тенисот не треба да го следи примерот на фудбалот и некои други спортови и да прифати инвестиции и проекти од Саудиска Арабија. Но првиот човек на АТП изгледа веќе се договорил…

Седумкратниот грен-слем шампион Џон Мекинро рече дека тенисот не треба да бара инвестиции од Саудиска Арабија.

Претседателот на тениската организација АТП, Андреа Гауденци, изјави за „Фајненшл тајмс“ дека разговарал со Фондот за јавни инвестиции на Саудиска Арабија и други потенцијални инвеститори за проекти, вклучувајќи инфраструктура, настани и технолошки инвестиции.

Но критичарите ја обвинуваат Саудиска Арабија дека со инвестиции во спортот се обидува да го подобри имиџот на земјата соочена со тешки критики за состојбата со човековите права.

Мекинро (64) вели дека не е изненаден од интересот на Саудиска Арабија за можна инвестиција во тенисот, бидејќи таа земја инвестира многу и во други спортови.

– Што е со Кристијано Роналдо? Тој е платен неколку стотини милиони годишно. Купуваат играчи во други спортови, организираат боксерски мечеви. Јас лично не би го поддржал таквиот тренд во тенисот. Не сум изненаден што тенисот е сега во комбинација – рече тој.

Медиумските извештаи велат дека Саудиска Арабија се кандидира за домаќин на годинашниот финален турнир, таканаречен „Некст-џен фајналс“, односно турнир на најдобрите млади тенисери во светот.

Светскиот рекет број еден Карлос Алкараз претходно оваа недела изјави дека ќе биде отворен да игра во Саудиска Арабија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот