Џон Красински не бил прв избор за најсекси маж на годината: Овие двајца актери го одбиле признанието на „Пипл“!

Фото: Инстаграм/„Пипл“/Profimedia

Популарното американско списание „Пипл“ секоја година избира „Најсекси маж на годината“, а оваа титула ја доделува на згодни познати личности уште од далечната 1985 година.

Оваа година, ова признание отиде во рацете на актерот Џон Красински, којшто ја освои светската јавност со харизматичната улога во ситкомот „Канцеларијата“ („The Office“).

Но, извор за „Дејли мејл“ открива дека Красински не ѝ бил прв избор на редакцијата. Наводно, тие ги „молеле Глен Пауел и Педро Паскал да ја прифатат титулата, но тие постојано одбивале“.

„Секоја година, списанието има свои преференции за тоа кој треба да ја освои таа титула, но личноста што ја сакаат понекогаш не се согласува да биде дел од тој избор. Дали навистина мислите дека тоа беше нивна желба да го именуваат Патрик Демпси за најсекси маж жив минатата година?“, рекол изворот, пренесува „Дејли мејл“.

Педро Паскал / Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

„Џон е одлично момче, но во никој случај не беше нивниот првичен избор. Оваа година, списанието во неколку наврати стапило во контакт со Глен Пауел и Педро Паскал за да ја прифатат титулата, но и двајцата одбија. Имаа свои причини за одбивање“, додал изворот.

Изворот појаснил дека „во овој момент на ниту еден од нив не им било важно“.

„Глен сака да има поголемо влијание во актерскиот свет сега кога конечно добива добри улоги и станува поголема ѕвезда. Од друга страна, пак, ова не е нешто што го сака Педро. Иако е поласкан што добива таква титула, според него, ова е само маркетиншки трик“, објаснил изворот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот