Џон Бон Џови - Фото: Инстаграм

Џон Бон Џови повторно има причина за славење: Доби уште една внука

Легендарниот музичар Џон Бон Џови повторно има причина за славење – го доби своето второ внуче за само неколку недели.

Откако неговата снаа Мили Боби Браун и синот Џејк Бонџови пред три месеци открија дека станале родители на девојче кое го посвоиле, сега и постариот брат на Џејк, Џеси, го доби своето прво дете.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JBL ⚡️ (@jesse.light)

Џеси Бонџови (30) и неговата сопруга Џеси Лајт (31) ја споделија среќната вест на Инстаграм дека добија девојче, Блер Луси. Тие исто така објавија трогателна фотографија од малата Блер како го држи прстот на нејзината мајка со опис: „Нашето слатко девојче е тука и не можеме да бидеме посреќни. Добредојде на светот, Блер Луси Бонџови.“

Двојката се венча во мај 2024 година, по четири години врска. Џеси Лајт е позната како извршен продуцент на ријалити серијата на Амазон „ Засекогаш лето: Хемптонс“ , како и сопруга на музичкиот менаџер Роб Лајт и близок пријател на Мајли Сајрус.

Семејството Бон Џови се зголеми за два члена за кратко време, откако Мили Боби Браун (21), ѕвездата од серијата „Stranger Things“, и Џејк Бонџови (23) ги изненадија обожавателите во август објавувајќи дека посвоиле девојче.

„Ова лето го пречекавме нашето слатко девојче преку посвојување. Пресреќни сме што започнуваме ново поглавје во родителството, во мир и приватност “, напишаа Мили и Џејк на Инстаграм во тоа време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот