Џоел Ембид ќе игра за САД на Олимписките игри во Париз

фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Актуелниот МВП на НБА лигата, Џоел Ембид донесе одлука да игра за кошаркарската репрезентација на САД на следните Летни олимписки игри во Париз 2024.

Оваа информација ја објави познатиот американски новинар Шамс Чаранија на својот Твитер профил.

– Кошаркарот на Филаделфија сиксерс и МВП на НБА лигата, Џоел Ембид одлучи да игра за САД на ЛОИ 2024, извори велат за „Атлетик“ – објави Чаранија.

Ембид избра меѓу САД, Франција и неговиот роден Камерун, а на крајот одлучи да биде дел од „дрим-тимот“ со кој ќе се обиде да го освои олимпиското злато.

Се очекува Американците во Париз да дојдат со силен состав во кој ќе бидат Леброн Џејмс, Стеф Кари, Кевин Дурент, Ентони Дејвис, Џејсон Тејтум, Дрејмонд Грин, а сега и Џоел Ембид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот