Плакат за настанот во „Аудиокултура“

Џез-музичарот Филип Динев ќе го промовира својот нов албум во „Аудиокултура“ во Скопје

Промоцијата на албумот „Romann“ од џез-музичарот Филип Динев ќе се одржи на 20 март, со почеток во 19.30 часот, во „Аудиокултура“. Филип Динев заедно со Мартин Ѓаконовски и Виктор Филиповски преку изведба во живо ќе презентира авторска музика од својот нов албум.

Музичкото искуство на Динев бележи бројни музицирања со македонски џез-музичари, но и со своето интернационално трио со кое настапува ширум светот.

Во оваа прилика, неговиот личен, слободен, креативен и импровизирачки израз ќе биде доловен преку изведба на композиции чија звучна репродукција ќе се реализира преку High End аудио системите од teoharov Audio.

За посета на настанот задолжителна е навремена резервација во „Аудиокултура“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот