фото: EPA-EFE/PETER KLAUNZER

Џерард го одби Ренџерс: „Не е време за враќање“

Фудбалскиот клуб Ренџерс се наоѓа во сериозна криза и сè уште не успева да пронајде нов тренер откако се раздели со Расел Мартин по катастрофалниот старт на сезоната. Последниот кој ја одбил понудата е Стивен Џерард.

Поранешниот англиски репрезентативец и фудбалер на Ливерпул смета дека моментално не е вистинското време за враќање во Глазгов, каде што претходно беше шеф на стручниот штаб од 2018 до 2021 година.

Џерард имал состанок со раководството на Ренџерс, разговорите минале во позитивна атмосфера, но тој сепак решил да ја одбие понудата, главно поради нестабилната состојба во клубот. Иако не ја исклучува можноста во иднина повторно да седне на клупата на шкотскиот гигант, засега ќе чека нова прилика.

Ренџерс ја започна сезоната ужасно слабо – по седум кола има осум бодови и се наоѓа на осмото место во шкотскиот шампионат, додека во Лигата на Европа по две одиграни средби нема ниту еден бод.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот