Џенифер Лоренс претпочита да снима интимни сцени со актери што не ги познава: „Подобро е кога тоа се прави со странец“
Американската актерска ѕвезда Џенифер Лоренс во своето ново интервју, меѓу другото, зборуваше за снимањето на интимните сцени и откри дека повеќе сака да ги снима со луѓе кои не ги познава, пренесува „Пипл“.
Препорачано
За време на разговорот во културниот центар „92NY“, таа се осврна насцените со Роберт Патинсон во филмот „Die My Love“.
„Всушност, беше полесно затоа што Роб и јас не се познававме, што на некој начин е подобро, знаете? Во „The Hunger Games“, Џош Хачерсон и јас моравме да се бакнуваме, а тоа е како … Чудно е и затоа е попожелно да се прави тоа со странец“, изјави таа.
И покрај светската слава, Џенифер Лоренс смета дека глумата сè уште може да биде многу непријатна. Тремата ја совладала така што посетувала часови по танц пред снимањето со Роберт Патинсон.
„Пристигнавме во Калгари околу три недели пред почетокот на снимањето. Роб и јас многу лесно се срамиме и тоа беше понижувачко. Мислам, јас не сум танчерка, но тој е најлошиот танчер“, раскажа таа.
Кога пред снимањето на интимната сцена требало да почнат да се соблекуваат, си рекле:
„Во ред, барем не е танц“.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1час
-
2час
-
3час
-
4час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


