Џенифер Лопез / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Џенифер Лопез одговори на критиките: „Да го имавте овој задник и вие ќе бевте голи“

Џенифер Лопез е во Лас Вегас, а синоќа го одржа првиот настап од серијата концерти, кој, меѓу другото, беше обележан со шеги на сопствена сметка и одговори на критиките поврзани со нејзиниот стил на облекување.

Пејачката во настапот со бродвејска тематика вклучи песни како „Let Me Entertain You“ од мјузиклот „Gypsy“, „Waiting for Tonight“ од 1999 година, соработка со Мамбо од West Side Story, како и џез-верзија на хитот „Jenny From the Block“, а за крај и „Do It Well“ од 2007 година.

Сепак, еден момент од синоќешниот настап ги освои социјалните мрежи кога се осврна на критиките за своето облекување и порача:

„Да ја имавте оваа задница, и вие ќе бевте голи.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pop Crave (@popcravenow)

На социјалната мрежа Икс беше споделено и видео на кое пејачката се шегува на сметка на своите неуспешни бракови. Со оглед на тоа што претходната резиденција во Лас Вегас ја имаше пред 10 години, таа се осврна и на себе од тој период.

„Тоа помина за миг, нели? За сите вас што бевте тука на отворањето пред 10 години. И знаете, во тоа време бев во брак само двапати“, рече таа, по што публиката избувна во смеа и ја награди со овации.

Потоа додаде:

„Всушност, беше само еднаш. Изгледаше како двапати“, по што публиката повторно се насмеа, а таа додаде дека само се шегува.

Резиденцијата на Џенифер Лопез во Лас Вегас ќе опфати вкупно 12 настапи, во периодот од крајот на декември 2025 до крајот на март 2026 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот