Фото: EPA/ADAM VAUGHAN

Џејмс Милнер на 40 години стана рекордер по најмногу настапи во Премиер лигата

Фудбалерот Џејмс Милнер испиша историја во натпреварот на неговиот Брајтон против Брентфорд, достигнувајќи 654 настапи и заземајќи го првото место на вечната листа на Премиер лигата.

Милнер е „вечниот тинејџер“ на Премиер лигата, откако стана рекордер за најмногу настапи во англиското првенство на 40-годишна возраст.

Тој играше во победата на Брајтон од 2:0 над Брентфорд и стигна до 654 настапи во Премиер лигата, со што го престигна Гарет Бери кој застана на 653 настапи.

Милнер, играчот од средниот ред играше на натпреварот против лондонскиот тим во копачки со бројот 654.

Тој го имаше своето деби во англиското првенство во дресот на Лидс на 10 ноември 2002 година, а Премиер лигата објави објава за тоа што се случи таа година кога се претстави на фудбалската јавност.

Тој имаше вкупно 48 настапи за Лидс, пред да се пресели во Њукасл за кој одигра 94 натпревари. Потоа продолжи со Астон Вила, каде што имаше 100 настапи, а потоа и со Манчестер сити во чиј дрес запиша 147 натпревари. Тој освои две титули во Премиер лигата со „Граѓаните“, меѓу другото, пред да се пресели во Ливерпул во летото 2015 година, каде што одигра повеќе натпревари отколку во кој било друг англиски клуб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот