Џамбаски скептичен дека ќе се донесат измените во македонскиот устав

Ангел Џамбаски/ Фото snapshot/Future Image/D Anoraganingrum / Shutterstock Editorial / Profimedia

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски изрази скептицизам дека ќе се направат промени во Уставот на Република Северна Македонија.

„Големата опозициска антибугарска партија ДПМНЕ работи да не се случат овие промени, бидејќи тие имаат свои внатрешни размислувања, а првично ова политичка сила беше многу време под просрпски и про-Кремљ влијанија, кои пак се извор на антибугаризмот, рече Џамбаски.

-Така што јас лично се сомневам дека оваа работа ќе се случи. Наместо тоа, нивниот притисок е да ги одложат овие промени додека не започнат преговорите. Набљудувајќи го овој процес, можеме да бидеме многу скептични за можноста да се направат промените пред на каков било начин да се промени политичката ситуација во Скопје, коментираше Ангел Џамбаски пред бугарските новинари во Ќустендил.

Ангел Џамбазки неодамна ја алармираше Европската комисија и побара одговори на прашањата кога Комисијата ќе предложи прекин на преговорите со Северна Македонија, поради неисполнување на обврските во однос на почитувањето на човековите права и како ќе реагира на таргетираното гонење на луѓето, поради нивното самоопределување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот