Џамбаски до Мицкоски: Вие и патетичните југоносталгичари од Скопје сте најлошото нешто што и се случи на Македонија

Ангел Џамбаски/ Фото snapshot/Future Image/D Anoraganingrum / Shutterstock Editorial / Profimedia

Непочитуван Мицкоски и вие патетични југоносталгичари од Скопје, мора да разберете – вие сте најлошото нешто што и се случи на Македонија, напиша бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски на неговиот Фејсбук-профил, обвинувајќи ја ВМРО-ДПМНЕ дека не разбира оти е во интерес на македонските граѓани да ги почитуваат меѓународните договори и услови.

Вклучувањето на Бугарите во Уставот на Северна Македонија е исклучително важен чекор кон целосна заштита на нивните права – пишува Џамбаски.

Тој додава дека ВМРО-ДПМНЕ, Левица и нивните придружни антибугарски партии отсекогаш биле антиевропски.

Европа не може да си дозволи да прифати или дури да преговара со земја која одбива да ги следи правилата. Затоа, непочитуван Мицкоски и вие патетични југоносталгичари од Скопје, мора да разберете – вие сте најлошото нешто што и се случи на Македонија. Вашата омраза кон #Бугарија🇧 🇬 е проблемот. Омразата на која почива т.н. идентитет. Кулата на лаги и измами се распаѓа затоа што вистината е на наша страна. А тоа е дека Македонија е бугарска- пишува бугарскиот европратеник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот