Џамала им се обрати на Русите, а сите го коментираат текстот на нејзиниот хит од Евровизија: Сега сè има смисла

џамала
Џамала / Фото: EPA-EFE

Украинската пејачка Сусана Алимивна Јамаладинова, попозната со уметничкото име Џамала, ја претставуваше својата земја на Изборот за песна на Евровизија во 2016 година. Таа ја отпеа песната „1944“, која сега повторно се најде во центарот на вниманието поради воената ситуација во Украина. Многумина велат дека секој стих од песната на Џамала „сега има смисла“.

Иако оваа песна беше објавена пред речиси шест години, деновиве предизвика лавина коментари. Луѓето на социјалните мрежи сакаат да изразат поддршка за сите Украинци.

„Остани силна, Украина, ќе добиеш правда. Светот е со тебе“, „Поминаа шест години, но оваа песна покажува дека ништо не се сменило“, „Оваа песна е поактуелна од кога било“, „Оваа песна ми го крши срцето“, „Биди силна Украина, цел свет е со тебе“, „Го напишала ова за своето минато без да знае дека таква ќе ѝ биде и иднината“, се дел од коментарите кои овие денови се шират по социјалните мрежи.

Поддршката навистина доаѓа од целиот свет, ѝ пишуваат луѓе од Турција, Ирска, Холандија, Шведска, Шпанија, Кина, Романија…

„Шведска е со вас!“, „Никогаш не сум имала толкава почит кон населението на една земја како сега за Украинците. Многу љубов од Холандија“, „Плачам секогаш кога ќе ја слушнам, Украина не се плаши, најсилните ќе останат сами, многу љубов од Ујгурите“, „Голема љубов од Турција, нашето срце е со вас“, „Ние стоиме покрај Украина. Азербејџан“, „Јас сум од Романија, но не можам ни да опишам како се чувствувам додека ја слушам песната“, се дел од коментарите на луѓето ширум светот.

џамала
Украинската пејачка Џамала во Берлин, Германија / Фото: EPA-EFE / Gerald Matzkа

Песната на Џамала зборува за етничкото чистење што го доживеале членови на семејството на пејачката, заедно со повеќе од
200.000 Кримски Татари. На 17 и 18 мај 1944 година, силите на Сталин извршиле „колективна казна“ за луѓето од турско потекло, Татарите. За два дена биле депортирани од Крим и транспортирани во Сибир во страшни услови.

Во песната, Џамала зборува за тоа како една од ќерките на нејзината прабаба починала од студ за време на патувањето. Не била ни закопана, туку војниците само ја исфрлиле од камионот.

џамала
Украинската пејачка Џамала која побегна од војната во својата земја, ја изведува нејзината победничка песна „1944“ за време на германското шоу за избор на песна за Евровизија во во Берлин, Германија / Фото: EPA-EFE /Gerald Matzka

Многумина ја сфатија пораката на оваа песна уште кога беше претставена учество на Евровизија, и тогаш се почувствуваа тензиите меѓу Украина и Русија. Тогаш реагираше и Комитетот за медиумска политика на руската Дума. Тие бараа дисквалификување на таа песна од натпреварот, а организаторите на Евровизија тврдеа дека песната не ги прекршила нивните правила и ѝ дозволија на Џамали да настапи, што на крајот ѝ донесе победа.

Јамала денес редовно ги информира своите обожаватели ширум светот за ситуацијата во Украина. Таа го напушти Киев минатата недела и опиша како изгледало нејзиното заминување од својата татковина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jamala (@jamalajaaa)

Пејачката сега им се обрати на сите Руси кои ја следат и им кажа дека навистина сака да се врати дома и дека немало да дојде
до тоа ако нивната земја не започнала војна.

„Руси, ова е и ваша војна од која веќе страда и ќе страда вашето цивилно население од невработеност, сиромаштија и меѓународна изолација. Кога ќе биде објавена мобилизацијата, вашите луѓе ќе бидат однесени во војна во Украина, каде што никој не ги чека, каде што ќе следат наредби да пукаат во станбени населби и, најверојатно, ќе се соочат со смрт. Но, вие нема ни да знаете за тоа бидејќи руската влада ги крие резултатите од војната и сака послушно да молчите“, напиша таа. „Ако сега не ја прекинете оваа војна, утре ќе дојде во вашиот дом и ќе ги уништи животите на вашите деца. Но, можете да промените сè. Не молчете! Излезете денес во 19 часот на плоштадите во вашите градови – ова е можност да ја спасите иднината на вашата земја и вашите деца“, заклучи таа.

 

ФОТО | Украинската пејачка Џамала се огласи: Не сакаме војна, сакаме мир!

 

ФОТО | Украинската пејачка Џамала побегна во Турција: Оваа војна е глупост, правда за Украина!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот