Џафери положи цвеќе во Рим заедно со бугарскиот колега Желјазков

Фото: Талат Џафери / Фејсбук

Претседателот на Собранието Талат Џафери попладнево положи цвеќе пред спомен-плочата на македонски јазик во чест на Св. Кирил во базиликата „Санта Марија Маџоре”. Џафери овој чин го направи истовремено со неговиот бугарски колега, претседателот на Парламентот во Софија, Росен Желјазков.

-Во рамките на чествувањето на светите браќа Кирил и Методиј ги поминавме сите процедури што според протоколот требаше да ги поминеме со аудиенцијата кај Папата, следствено и други средби и секако со задоволство направивме обид и успеавме во тој обид заеднички, ние двајцата претседатели на парламентите, претставници на народите на нашите земји да се состанеме и заедно да покажеме уште еднаш дека без оглед на она што се политички и партиски ставови народите си имаат поинакво мислеење по нештата што се заеднички, што се за добробит на граѓаните и на нашите институции. И од таа причина успеавме тоа да го направиме заеднички. Секој на својата табла положивме венец секако покажувајќи уште еднаш дека парламентите се претставници на граѓаните и ние од името на граѓаните тоа го направивме, рече Џафери во кусата изјава.

Претседателот на бугарскиот Парламент Желјазков рече дека многу се радува што на овој убав празник тој и Џафери успеале заедно да положат венци „на нашите првоучители Кирил и Методиј“.

-И на тој начин да покажеме како не поврзува минатото и како ќе не поврзува иднината. И тоа беше симболиката на денешниот ден. Се радувам што мојот колега претседателот Џафери многу пријателски и многу срдечно го направи тоа, како и ние, рече Желјазков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот