Џачка негира дека платеници од Албанија војуваат на страна на Украина

Олта Џачка
Олта Џачка, министерка за надворешни работи на Албанија/ Фото EPA-EFE/MASSIMO PERCOSSI

Албанската министерка за Европа и надворешни работи, Олта Џачка, ги отфрли информациите дека албански платеници се упатуваат во Украина.

Според министерката, тоа е лага создадена од Москва, нагласувајќи дека Албанија стои до Украина и ќе продолжи да работи со сите сојузници и партнери за да помогне да се стави крај на руската агресија.

– Во Украина нема албански платеници. Ова е лага која Москва без срам продолжува да ја повторува. Велам дека Албанија стои до Украина и ќе продолжи да работи со сите сојузници и партнери за да помогне да се стави крај на неиспровоцираната агресија на Русија против народот на Украина. Господ да ги благослови, истакна Џачка.

Москва тврди дека „платеници” од Албанија, Косово и Босна и Херцеговина се испраќаат да се борат заедно со украинските сили против проруските бунтовници.

Официјални лица од Албанија, Косово и БиХ ги негираа наводите изнесени минатата недела од рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Албанија со закон го забрани учеството на свои граѓани, како војници во други земји. Кривичниот законик за учесниците во воените дејствија во странска држава предвидува казна затвор во траење од 10 до 15 години.

ВО ЖИВО | Нови немири во Украина, нападната најголемата нуклеарна централа, вести од минута во минута

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот