Двојно убиство во Гевгелија: Со пиштол ги застрелал братот и снаата

Илустрација/Архива на Слободен печат

Двојно убиство се случило вчера во Гевгелија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Шеесет и деветгодишниот В.Г. од Гевгелија се сомничи дека вчера вечерта ги усмртил брата си Л.Г. (71) и снаата Т.Г. (62).

Од СВР Струмица информирале дека синоќа околу 19 часот полициски службеници го лишиле од слобода В.Г. кој пред влез од куќа во Гевгелија со пиштол пукал кон неговиот брат и снаа, кои починале на местото на настанот.

Смртта кај сопружниците ја констатирал лекар од Итна медицинска помош од Гевгелија, а лицето е задржано во Полициската станица во Гевгелија и од него било одземено оружјето со кое го извршил убиството.

Увид на местото на убиството извршил јавен обвинител и увидна екипа од гевгелиската полиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот