Фото: Слободен печат

Двете жени се пронајдени на пат меѓу Долно Количани и Батинци, станува збор за македонски државјанки

Полициската станица Драчево известува дека двете жени, кои беа пријавени за исчезнати, се пронајдени на пат помеѓу скоспките села Долно Количани и Батинци, но тие не се странски државјанки, туку се од земјава, соопшти Центарот за управување со кризи.

Жените се во добра здравствена состојба и со возило, во придружба на полицијата, веќе се движат кон Драчево.

„Појаснуваме дека, поради грешка во првичната комуникација, не станува збор за странски државјанки, туку за државјанки на Македонија,“ наведува ЦУК.

Претходно беше соопштено дека преку единствениот број за итни повици 112 била добиена информација дека две жени кои патувале со возило, се изгубиле во реонот на патот кон Дрисла.

„ЦУК е во постојана комуникација со МВР и Полициската станица Драчево, од каде е побарано упатување екипа на терен. Полициска екипа од ПС Драчево е веќе упатена кон локацијата и постапува по случајот. Акцијата е во тек,“ информираше попладнево ЦУК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот