Сцена од филмот „М“ / Фото: Принтскрин / Јутјуб

Две нови премиери за филмот „М“ на Вардан Тозија во Северна Америка

Македонскиот филм „М“ на режисерот Вардан Тозија го продолжува прикажувањето на северноамеиканскиот континент, овојпат во официјална конкуренција на два престижни филмски фестивали – Интернационалниот филмски фестивал на научна фантастика во Бостон и Интернационалниот фестивал „Ноќи на стравот“ во Висконсин.

Интернационалниот фестивал на научна фантастика во Бостон е оформен далечната 1976 година што го прави втор најстар жанровски филмски фестивал во САД.

Во иницијалните години на постоењето во киното „Орсон Велс“ премиерно се прикажувани култни остварувања како „Денот кога земјата застана“, „Војна на световите“, или првото издание на дотогаш сè уште непознатиот „Војна на ѕвездите“. Денес, фестивалот се одржува во кино-комплексот Сомервил, и пред американската публика прикажува и промовира ограничен број на жанровски филмови од американската и интернационалната филмска продукција.

Интернационалниот филмски фестивал „Ноќи на стравот“ се одржува во Висконсин, и има за цел да открива филмски остварувања со дистописка, фантастична и хорор тематика од меѓународната кинематографија.

Во своето 16-годишно постоење, овој фестивал промовирал режисерски имиња како Мајк Фланаган, Грег Никотеро, Адриан Гарсија Боглијано и многу други.

Фото: Промо

(Комерцијална објава)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот