Искра Канзурова / Фото: Фејсбук/Искра Канзурова

Две големи причини за честење кај Искра Канзурова, водителката ги откри новостите

Има две големи причини за честење има Искра Канзурова, познатата телевизиска водителка која пред неколку месеци си замина од телевизија Алфа.

Првата е роденденот на нејзината убава ќерка Матеа, која стана полнолетна.

„Мојата Матеа наполни 18 години. Не постојат зборови да опишам колку те сакам“, напиша Искра до сликата со ќерка ѝ, која инаку учи во средното балетско училиште.


Втората причина е нејзиниот нов ангажман, кој го објави на Инстаграм. Таа на 15 февруари ќе стартува со емисијата „Глам и драма“, која ќе се емитува на Јутјуб.

„15 февруари е денот! Глам & Драма, дознајте што било глам, а што драма во кариерите на многу различни профили кои ќе продефилираат во нашето студио – зошто гламурот е сцена, а драмата вистина?“, стои во описот на најавата.

Инаку, Искра со сопругот Владимир Канзуров го има и синот Меглен, кој се занимава со фудбал.

За заминувањето од ТВ „Алфа“, таа рече дека ѝ требала промена и дека не се работи за никаква кавга со колегите од телевизијата.

„Не е во прашање никаква кавга, недоразбирање или нешто слично. Едноставно дојде до мое презаситување од работата, почнав да си станувам здодевна самата на себе.

Предолго бев дел од утринската програма, почна да ми пречи и станувањето ‘во црни зори’, така што сфатив дека е време за промени. Одам во еден поинаков сектор, кој има допирни точки со телевизијата, но во маркетинг сегментот“, рече Канзурова за порталот „Вистина“.

„Најпрво бев најавувачка на програмата. Тоа беше во тоа време начинот на кој се започнува, зборувам за водител. Првите појавувања ни беа со читање, тогаш се читаше од обичен, отпечатен лист. Колку и да ми велат луѓето дека немам трема, дека сум природна, сепак постои одредена трема, затоа што во моментот си свесен дека се обраќаш пред поширока публика и дека не сите те сакаат“, се присети Искра на своите почетоци во едно интервју за „Слободен печат“.

Разговор со Искра Канзурова, ТВ-водителка: На маж му ја предавам кујната, а за возврат го барам далечинското

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот