Дванаесетгодишнина од хеликоптерската несреќа кај Блаце

Единаесетте мировници се враќаа од мисијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина.

Денеска се одбележуваат дванаесет години од хеликоптерската несреќа во која трагично загинаа единаесет припадници од составот на воздухопловниот Винг, кога армиски хеликоптер Ми-17 се урна кај селото Блаце, Катлановско.

На одбележувањето на хеликоптерската несреќа на спомен обележјето во Катлановско Блаце, цвеќе ќе положат повеќе делегации од Генералштабот, од Министерството за одбрана, од Општина Петровец, Командата за операции, од воздухопловниот ВИНГ, првата пешадиска бригада и членовите на семејствата на загинатите припадници.

Претходно, припадниците на воздухопловниот ВИНГ ќе го одбележат настанот со полагање цвеќе на спомен обележјето пред командата во касарната „Страшо Пинџур” во Петровец.

Армиски хеликоптер Ми-17 на овој ден пред 12 години се урна во селото Блаце кај Катланово, на само 50-ина метри од последните куќи во селото.

Во услови на намалена видливост, поради маглата, хеликоптерот ја започнал постапката за слетување на аеродромот „Александар Велики”. На падот на армискиот хеликоптер му претходела експлозија.

Во несреќата немаше преживеани, а загинаа потполковник Тони Спасовски, водник Александар Васиќ, водник Александар Тасковски, заставник Тони Давитковски, постар водник Јанко Шириќ, мајор Горан Ристовски, десетар Златко Вељановски, капетан Бране Спасовски, водник Мики Ивановски, заставник Славчо Василев и капетан Игор Ѓоревски.

Единаесетте мировници се враќаа од мисијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот