Двајца играчи плус 73 милиони фунти за Погба!

фото: strettynews.com

Реал Мадрид е подготвен да понуди 73 милиони фунти плус двајца играчи за услугите на францускиот репрезентативец.

„Кралевите“ нема да се откажат така лесно од намерата да го ангажираат Пол Погба, освен парите шпанскиот гигант до Манчестер јунајтед ги нуди уште Хамес Родригез и Мариано, пренесува британскиот „Мирор“.

Оваа понуда клубот од „Сантјаго Бернабеу“ ќе ја испрати во јануари, останува да се види дали истата ќе ја прифати премиерлигашот.

Французинот Погба сезонава во дресот на „црвените ѓаволи“ досега во Премиер лигата поради честите повреди одигра само пет натпревари.

Колумбискиот интернационалец Родригез веќе долг период се поврзува со трансфер во Премиер лигата. После двегодишната позајмица во Баерн Минхен, сезонава има девет настапи.

Мариано постигна само три голови минатата сезона и нема ниту една одиграна средба оваа сезона. Јунајтед мора да бара нови напаѓачки опции после заминувањето на Ромелу Лукаку и „позајмицата“ на Алексис Санчез во Интер.

Оваа понуда клубот од „Сантјаго Бернабеу“ ќе ја испрати во јануари, останува да се види дали истата ќе ја прифати премиерлигашот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот