Фото: МВР на Србија

Двајца во краткотраен притвор за петте тони марихуана

Двајца осомничени завршија во краткотраен притвор под сомнение дека се поврзани со петте тони марихуана, кои од Македонија завршија во Србија и таму беа запленети, но никој уште не соопштил како дрогата завршила таму.

-По предлог на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, вчера на две лица, кои претходно беа сослушани во својство на осомничени, судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје им определи мерка краткотраен притвор во траење од 48 часа. Како резултат на преземените дејствија и анализата на прибраните информации и докази, постојат основи на сомнение дека лицата преземале активности поврзани со запленетите 5 тони марихуана во Република Србија, поради што јавниот обвинител достави образложен предлог за определување краткотраен притвор. Барањето за определување на краткотрајниот притвор е со цел обезбедување на лицата и овозможување на доволно време на јавниот обвинител за преземање на неопходните процесни дејствија и донесување соодветна одлука за понатамошно постапување. Во вакви случаи, особено кога се работи за предмети со поголема сложеност, како и предмети со меѓународен карактер, временските рокови често се ограничени, што ја оправдува примената на оваа мерка – соопшти Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Меѓу уапсените за марихуаната во Србија беше и еден од сопствениците на фирмата за производство на марихуана за медицински цели, „Алфафарм“, па по големата заплена во Србија следуваше акција во Македонија во оваа фирма, но и фирми во Струмичко и беа запленети уште 40 тони марихуана. Но, институциите сè уште немаа излезено со одговор како петте тони ја поминале македонско-српската граница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот