Двајца супрематисти побегнале од затвор во Ајдахо и извршиле две убиства, полицијата повторно ги уапси

Супрематисти од Ајдахо / Фото Полиција на Ајдахо

Полицијата во Ајдахо фати двајца супрематисти, кои се поврзани со две убиства откако избегале од затвор во средата. Бегалецот Скајлар Мид (31) и наводниот соучесник Николас Умфенор биле фатени во градот Твин Фолс, пренесува Би-Би-Си.

Тројца полицајци биле повредени кога Умфенор (28) наводно им направил заседа на чуварите додека тие го враќале Мид во затвор од болница. Полицијата соопшти дека и двајцата се членови на затворска банда познати како Аријски витези.

Тие велат дека е нејасно дали бегството било „настан договорен од бандата“. Официјални лица рекоа дека двајцата се осомничени дека биле вклучени во две убиства додека биле во бегство од средата.

Полковникот Шелдон Кели од државната полиција на Ајдахо рече дека на местото на едно од убиствата биле пронајдени затворски лисици. Двете жртви биле мажи во руралните северни делови на Ајдахо.

Мид и Умфенор биле приведени по кратка бркотница со автомобил во четвртокот попладне. Полицијата соопшти дека тие биле затекнати како возат Хонда Цивик што ѝ припаѓала на една од двете жртви.

Мид избегал од Регионалниот медицински центар Сент Алфонсус во Боис, откако бил однесен таму поради „самоповредувачко“ однесување, рече Џош Тевалт, директор на Државниот Оддел за поправка.

Умфенор го нападнал затворскиот персонал во раните утрински часови во средата, отворајќи оган врз нив додека Мид бил транспортиран од болница назад во институцијата за максимална безбедност во Ајдахо.

Умфенор бил ослободен претходно оваа година од истиот затвор. Инспекторите велат дека двајцата мажи живееле во истата станбена единица таму. Тевалт рече дека не е јасно до кој степен бегството било координирано и дека затворските службеници сега преземаат чекори „за да ја ублажат штетата што можат да ја направат бандите“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот