Центар за социјални работи - Тетово / Фото: tetovanews.info

Двајца насилници сакале да тепаат вработена во тетовскиот Центар за социјални работи, ги спречило обезбедувањето

Кривична пријава добија двајца жители на села во Тетовско и Гостиварско, кои заедно, минатиот месец влетале во канцеларија во Центарот за социјални работи во Тетово, каде ѝ се заканувале на вработена, а едниот се обидел и да ја нападне, соопшти МВР.

„СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.З.(43) од с.Горно Седларце и Н.Б.(39) од с.Врапчиште, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 23.02.2026 во Јавна установа – Меѓуопштински центар за социјална работа Тетово, пријавените насилно влегле во службена просторија и кон вработена упатувале закани, при што еден од нив се обидел ѝ физички да ја нападне, но бил спречен од обезбедувањето“, пишува во полицискиот билтен.

Пијани насилници претепале полицајци пред дискотека, Независниот синдикат обвинува дека биле ослободени по интервенција на висок владин функционер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот