Фото: МВР

Двајца луѓе се повредени во тежок судир на патот Охрид-Ресен

На 17 октомври 2025 година, во 13:10 часот, на магистралниот пат Охрид-Ресен се случила сообраќајна несреќа во која се повредени две лица.

„Несреќата се случила помеѓу патничко возило марка „Рено“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 58-годишно лице од селото Речани, кичевско и товарно возило „Ивеко“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 27-годишно лице од селото Беранци, битолско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „Рено“, а со телесни повреди се здобил возачот на товарното возило, констатирани во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид изврши увидна екипа од СВР Охрид“, велат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот