Дваесет луѓе загинаа: 11-ти ден борба со пожарите во северна Грција
Голем шумски пожар веќе 11-ти ден гори надвор од контрола во северна Грција и покрај заедничките напори на пожарникарите од Грција, регионот и Европската унија да го скротат. Во пожарот досега загинаа 20 лица, што е најмногу од 2000 година, кога се води евиденција во ЕУ.
Препорачано
Пожарот во околината на Александрополис и областа Еврос во Грција зафатил површина од 808 квадратни километри, покажуваат податоците на системот за вонредни состојби на ЕУ „Коперник“. Областа зафатена од пожарот веќе ја надмина големината на Њујорк. Агенцијата Коперник на Твитер објави дека пожарот уништил најмалку 808,7 квадратни километри, додека, за споредба, Њујорк зафаќа 778,2 квадратни километри.
Шест авиони и четири хеликоптери го гаснат пожарот заедно со 475 пожарникари на терен, соопштија од противпожарната служба. На планината Парните кај Атина, уште еден шумски пожар го гаснат 260 пожарникари и еден хеликоптер.
На грчките пожарникари им помагаат хеликоптери и пожарникари од Франција, Шпанија, Германија, Шведска, Хрватска, Кипар, Чешка, Романија, Бугарија, Албанија.
Our #RapidMappingTeam delivered its 6⃣th Monitoring Product for the historic #wildfire that continues to ravage the areas north of #Alexandroupolis
?A total burnt area of 8⃣0⃣8⃣,7⃣ km2 has been detected, an area larger than #NewYorkCity?? pic.twitter.com/Sy8U8skyfJ
— Copernicus EMS (@CopernicusEMS) August 29, 2023


