Дваесет и пет заболени од Липково, едно лице од Куманово

Центарот за јавно здравје Куманово во последниве 24 часа регистрира 26 новозаразени лица од Ковид 19, соопшти денеска директорот на јавната здравствена установа д-р Ариф Љатифи. Дваесет и пет од нив се од Општина Липково, а едно лице од општина Куманово.

– Шестнаесет од заболените се од село Слупчане, шест лица се од Липково и три од Матејче. Сите заболени се од познати кластери. Тестирањата се вршат генерално непречено, со неколку исклучоци, лица кои не веруваат во постоење на вирусот. Но, во соработка со општината другите институции и чинители во Липково се спроведува тестирањето, изјави д-р Љатифи.

Едното починато лице на возраст од 52 години е жител на општина Липково.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот