Министерство за образование и наука - табла / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

Дваесет и пет училишта добија грантови од МОН за заштита на учениците од насилство и пороци

Осумнаесет основни и седум средни училишта низ државава добиле грант од Министерството за образование и наука за спроведување активности од програмите за заштита на учениците од разни видови пороци, насилство и деликвенција.

На веб-страницата на МОН се објавени резултатите од јавните повици за доделување средства за реализација на активности од програмите за заштита од насилство, злоупотреба и запуштање ученици, програми за спречување дискриминација и програми за превенција од употреба на алкохол, пушење, злоупотреба на дроги и други психотропни супстанции, програма за спречување учество во игри на среќа и за заштита од малолетничка деликвенција за учебната 2025/2026 година.

Грантови добиле основни училишта во општините Аеродром, Гази Баба, Дебарца, Долнени, Кавадарци, Карпош, Кисела Вода, Крива Паланка, Куманово, Липково, Македонски Брод, Могила, Тетово, Центар, Штип и училиштето на Град Скопје за ученици со посебни образовни потреби „Иднина’.

Според објавените резултати, добитници на грант од МОН се и седум јавни средни училишта – од Радовиш, Куманово, Штип, Битола, Берово, Неготино и од Дебар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот