Науката докажа: Овие два зачина ќе ви помогнат да имате рамен стомак

зачини
Фото: Пиксабеј

Без оглед на тоа дали имате за цел да го намалите салото од стомакот или да се ослободите од надуеноста, и двете можете да ги постигнете со добро балансирана исхрана.

Науката докажала дека постојат два зачина кои содржат антиоксиданти, го поттикнуваат здравјето на дигестивниот систем и метаболизмот, а со тоа помагаат да се направи стомакот порамен.

Куркума

pixabay
Куркума / Пиксабеј

Куркумата е древен зачин кој со векови се користи поради здравствените придобивки од својата активна состојка куркумин. Воспалението е еден од најголемите виновници за хроничните здравствени проблеми што се појавуваат во средната и постарата животна возраст, а најголемата предност на куркумата е тоа што таа е природно противвоспалително соединение.

Тоа ја прави куркумата ефикасна во намалувањето на хроничната болка, борбата против надуеноста и ублажувањето на болките во зглобовите и помага во подобрувањето на квалитетот на животот на лицата со различни форми на артритис и други воспалителни состојби. Студија од 2017 година откри дека куркуминот особено му помага на здравјето на цревата.

Ѓумбир

Profimedia

Ѓумбирот е добро познат корен со многубројни здравствени придобивки. Со векови се користи како лек за дигестивни и стомачни проблеми и болести. Ѓумбирот делува така што го стимулира производството на дигестивните сокови и го намалува воспалението во цревата, што може да помогне поефикасно да се разгради храната и да се намали надуеноста.

Уште повеќе, докажано е дека ѓумбирот го подобрува метаболизмот и го поттикнува губење на килограмите, а делува и како природен потиснувач на апетитот, што може да направи да се чувствувате сити и на крајот да го намалите вкупниот дневен внес на калории.

Во студијата од 2012 година, истражувачите откриле дека луѓето кои пиеле топол пијалак од ѓумбир по оброк го намалиле чувството на глад до шест часа. Постојат неколку начини да додадете ѓумбир во вашето мени. Освен што се пие како чај, може да се додаде и во слатки или во солени јадења.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот