фото: EPA-EFE/JUAN HERRERO

Духовниот опоравок е завршен, Араухо се враќа

Роналд Араухо наскоро ќе се врати на тренинзите со Барселона.

Уругвајскиот дефанзивец доби слободни денови од клубот поради тешкиот психолошки период низ кој поминуваше. Араухо се борел со депресија, а утеха и сила пронашол во верата. Дури се споменуваше и можноста дека размислувал да не настапува до крајот на сезоната.

Менталниот опоравок му беше неопходен, а според информациите, токму верата одиграла клучна улога во неговото закрепнување. Араухо поминал неколку дена во Израел, а од клубот истакнуваат дека неговиот опоравок поминал многу успешно.

Откако духовно се стабилизирал, тој ќе биде подготвен да му се врати на фудбалот, но дури откако божиќните празници ќе ги помине со своето семејство.

Првиот натпревар на Барселона по Божиќ  е на 3 јануари против Еспањол, а Араухо би можел целосно да биде подготвен токму за тој дуел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот