Дубаи чоколадо / Фото: Profimedia

Дубаи чоколадо се повлекува од пазарот во неколку држави – содржи опасни канцерогени супстанции

Според Европскиот систем за безбедност на храната, прекумерни нивоа на афлатоксин и охратоксин А се откриени во чоколадни плочки од Дубаи во Обединетите Арапски Емирати. Производот за кој станува збор е Дубаи-Шокоригел, или чоколадни плочки од Дубаи, кои биле дистрибуирани од Дубаи во Хрватска, Германија и Шпанија.

За време на проверка на местото на продажба во Германија, инспекторите откриле афлатоксини во сооднос од 15,6 микрограми на килограм. Дозволено е 1,1 микрограм. Покрај тоа, откриено е повисоко ниво на охратоксин А (ОТА) – 2,0 микрограми на килограм (дозволено е 1,1 микрограм). Ризикот е сериозен и инспекторатот нареди итно повлекување на чоколадото од германскиот пазар.

Надлежните хрватски власти сè уште не дале коментар за ова, па затоа не е познато во кои продавници се продавале. Афлатоксините се група габични токсини кои предизвикуваат сериозно оштетување на здравјето на луѓето, особено на црниот дроб. Од друга страна, истражувањето нарачано од Европската комисија покажа дека микотоксинот ОТА може директно да ја оштети ДНК-та, а потврдено е дека во повисоки концентрации може да предизвика рак на бубрезите, објави Даница.хр.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот