ДСЗИ нема да влезе во тетовската болница да испитува како пациентите имале придружници

Тетово пожар
Увид по пожарот во тетовската модуларна болница / Фото: EPA-EFE/Georgi Licovski

Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДСЗИ) нема да влезе во тетовската болница да испитува како роднини на пациентите со ковид ги придружувале болните зашто не е законски во време на истрага од Обвинителството да се врши надзор, велат од ДСЗИ за „Слободен печат“.

,,Во врска со трагичниот настан што се случи на 8 септември, ДСЗИ не може да утврди фактичка состојба после изминати два дена од настанот. Понатаму, не постои налог од Министерството за здравство за вршење надзор и последно, но и најважно, во фаза на водење истрага од Јавното обвинителство, ниту министерот, ниту било кој друг орган не може да му наложи на ДСЗИ да спроведува надзор над субјект кој е предмет на кривично-правна истрага. ДСЗИ ќе постапи и ќе ги стави на располагање сите свои стручни капацитети само врз основа на налог од ЈО. Секоја друга активност и постапување на ДСЗИ не е дозволена согласно законот за кривична постапка и ќе претставува попречување на истрагата која веќе ја водат надлежните органи. Секоја стручна контрола или анализа доколку биде побарана од ЈО или судот, ДСЗИ ќе ја изврши и достави во најкус можен рок користејќи го професионалното знаење и искуство на своите инспектори и административни служби” велат оттаму за Слободен печат.

Министерот за здравство, Венко Филипче, на вчерашната прес конференција најави дека ДСЗИ уште денеска ќе почне да прави анализа како и колку придружници биле во ковид-болницата во Тетово.

– Најпрвин ќе направиме анализа, која ќе почне од утре од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Засега знаеме дека биле двајца во посета. Посетите за ковид-пациенти начелно се забранети насекаде, но добив информација дека со сертификати за вакцинација роднините биле пуштани да ги посетат пациентите, а не да ги чуваат. Тоа е нешто што е традиционална глетка во нашите болници и од лично искуство знам дека тоа е тешко да се менаџира“, посочи министерот.

Д-р Цана: Тетовскиот ковид-центар бил извор на зараза, министерот има морална обврска за оставка

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот