Д-р Цана: Тетовскиот ковид-центар бил извор на зараза, министерот има морална обврска за оставка

Д-р Фадиљ Цана / фото: ТВ 24/скриншот

Доктор Фадиљ Цана, инфектолог од Клиниката за инфективни болести, околу вчерашната трагедија во Тетово, рече дека тамошниот ковид-центар бил жариште на заразата, откако се дозна дека роднини на пациенти престојувале во модуларната болница заедно со болните.

„Шокантно е да се дознае дека во тој ковид центар имало и роднини на пациенти. Тие внатре влегувале и излегувале кога сакале и тој ковид- центар не служел само за лекување, туку тоа било жариште за проширување на инфекцијата,“ рече Цана за време на гостувањето во емисијата 24 анализа, додавајќи дека сето тоа се одвивало со знаење на персоналот и на Министерствто и оти затоанекој треба да сноси морална и правна одговорност.

„Сметам дека било кој, не само министерот, да беше во таа позиција и во било која држава, морално би требало да се сноси одговорност и да им се отвори пат на органите за истрага. Морална е обврската да се даде оставка, а пред тоа би требало прво што е до негова надлежност, сите одговорни во раководењето на тетовската болница да бидат разрешени,“ рече Цана.

Тој смета дека правно треба да се одговара и некој да сноси вина за трагедијата, ако тоа го покаже истрагата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот