Фото: илустрација / Драган Митрески / Слободен печат

Дрзок крадец ограбил девојка на улица во Струга

21-годишна девојка вчера била жртва на дрзок грабеж на улица во Струга, соопшти полицијата.

„На 16.11.2025 во 17:00 часот во ОВР Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода К.Р.(33) од струшкото село Октиси, постапувајќи по претходна пријава дека околу 16:30 часот на ул.„Маршал Тито“ во Струга со употреба на физичка сила ѝ го одзел личниот накит на Е.Ш.(21) од с.Делогожда, струшко. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, пишува во полицискиот билтен.

Расчистено свирепо убиство во Штип: Грабнал и убил старица, ја закопал во дворот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот