Државните лаборатории за ПЦР тестирања ги зголемуваат капацитетите за 20 проценти, се чека на ФЗОМ да одобри

ПЦР тест / Фото: Архива на Слободен печат

Министерот за здравство Беким Сали контактирал со надлежни во јавноздравствените установи кои вршат ПЦР тестирања и тие покажале подготвеност да го зголемат капацитетот за тестирање за 20 проценти, велат од Министерството за здравство за „Слободен печат“.

-За ова треба да се произнесе и ФЗОМ, додаваат оттаму.

Меѓу првите приоритети на МЗ е и тоа да се намали цената на ПЦР тестирањето во приватните лаборатории.

,,Во тек се разговори и со приватните лаборатории за високите цени кои граѓаните ги плаќаат за тестови за ковид и лабораториски услуги”, додаваат од МЗ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот