Државниот врв е сериозно загрижен: Во Албанија од јануари ковид-19 дијагностициран кај 700 деца, ситуацијата оди кон национална катастрофа

epa08281802 Albanian police stands behind a fence in the infected section in the center hospital in Tirana, Albania, 09 March 2020. Albanian authorities have secured the infection section and closed every social activities in the country after they discovered the first two cases of patients infected with Covid-19. EPA-EFE/Malton Dibra

Албанскиот претседател Илир Мета ја обвини владата на премиерот Еди Рама во врска со преземените мерки против ковид-19 и процесот на вакцинација нагласувајќи дека ситуацијата оди кон национална катастрофа. Тој ја повикува владата да ги стави граѓаните во прв план.

-Во услови кога пандемиската состојба е значително отежната, криминал зголемените случаи на заразени и изагубени животи да се третираат како статистика. Само вчера се регистрирани 18 починати и според извештаите на терен, на секои 13 минути пристигнува брза помош во инфективната клиника,напиша Мета.

Тој вели дека нема конкретен план за вакцинирање на граѓаните, нема подобрени услови во болниците, нема ефкасни мерки за спречување на ширењето на пандемијата кај населението.

Оценува дека ситуацијата оди кон национална катастрофа, која мора да се спречи без да се губи време.

– Ситуацијата оди кон национална катастрофа, која мора да се спречи без да се губи повеќе време. Секој изминат ден значи повеќе последици по здравјето и животот на граѓаните, чијашто заштита треба да биде наш апсолутен приоритет. Пропаганда што си игра со животот на Албанците не може и не смее да се случи, додава тој.

Тој ја повикува владата да ги стави граѓаните во прв план, да превземе други итни мерки, бодејќи досегашните не дале резултат.

-Итно е потребна нова сеопфатна антиковид стратегија базирана на совети од најдобрите епидемиолози, вирусолози и имунолози, дома и во странство, зашто до сега преземените мерки и ограничувања не даваат никакви резултати. Јавните трошоци за вакцинација, лекување, тестирање, за снабдување на болнички центри и службите за реанимација со опрема за спасување на животите, сега се поважни од кога било,апелира Мета.

Од граѓаните бара да бидат многу внимателни и строго да ги почитуваат мерките за заштита.

Во меѓувреме не стивнува нагорната линија на новозаразени со ковид-19. Вчера беа регистрирани нови 1.075 случаи додека починале 18 пациенти. Бројката на хоспитализирани беше 585 паценти што е највиска бројка до сега. 

Од почетокот на годинава, кога и почна трендот на раст на новозаразени со ковид – 19, во Албанија опасниот вирус е дијагностициран кај 700 деца, потврди Ѓеорѓина Кули, позната албанска докторка-педијатар.

Додаде дека речиси 80 отсто од болничките капацитети наменет за хоспитализација на деца се пополнети.

-Зголемувањето на нови случаи се рефлектира и кај децата. Имаме 700 заразени деца од јануари, имаме зголемена стапка на хоспитализација од ноември, бидејќи во јануари бевме со полн капацитет и подготвивме споредни сценарија како а тоа ќе продолжи, така да 75-80 проценти од креветите се пополнети, изјави таа во директна врска, за телевизијата Топ чанел.

Таа зборуваше и за тоа колку се погодени бебињата од ковид-19 и од кавасаки синдромот.

-Повеќето случаи се лекуваат во домашни услови, додека во однос на децата хоспитализирани во болница, тоа се бебиња стари еден до два месеца, дури и новороденчиња со компликации а се заразиле од нивните мајки. Досега имаме добри резултати. Моментно имаме само две деца на интензивна терапија и не се интуитивни. Од самиот почеток беше речено дека децата се помалку ранливи, но всушност имаме неколку деца со Кавасаки синдромот, што кај децата се појавува одреден временски период по инфекцијата со ковид,тврди докторката Кули.

Порачува граѓаните да бидат будни за да почне лекувањето од самиот почеток на појава на болеста, а родителите да побараат лекарска услуга доколку тридена по ред нивното дете има висока температура.

Во земјата само во овој месец просечно дневно опасниот врус е дијагностициран кај 1.080 лица а се зголемува бројот на понати или во просек по 14 лица.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот