Државни чекови од 1.200 долари за Американците, со печат и потпис на Трамп

– Уште еден обид на претседателот Трамп проблемот со пандемијата од коронавирус да го решава со политички средства, наведува американскиот весник.

Министерството за финансии на САД денеска почна со исплата на 1.200 долари за Американците кои добиваат минимална и просечна плата. Тоа се пари што ќе ги добијат во рамките на мерките за стимулација на економијата, а ќе бидат со печат и потпис на претседателот Доналд Трамп.

Според „Вашингтон пост” Министерството дало наредба на левиот дел од чекот да стои „претседател Доналд Трамп” и негов потпис. Три извори за весникот утврдуваат дека шефот на државата лично му ја дал оваа идеја на министерот за финансии Стивен Мнучин.

– Уште еден обид на претседателот Трамп проблемот со пандемијата од коронавирус да го решава со политички средства, наведува американскиот весник.

Според Министерството за финансии, околу 80 милиони Американци ќе добијат еднократни исплати во висина од 1.200 долари за секој даночен обврзник. Најголем дел од трансакциите ќе биде извршен денеска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот