Државната матура ќе биде со едноставни прашања: Средношколците бараат и намалување на бројот на предмети

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Претседателот на Сојузот на средношколци во земјава, Бленди Ходаи, по денешната средба со министерката Мила Царовска, на прес конференција за медиумите истакна дека тие имаат две барања до МОН, од кои едното е намалување на бројот на предмети за полагање на државна матура, односно наместо четири оваа година да се полагаат два предмети. 

Второто барање пак, како што посочи Ходаи, се однесува на материјалот што се учеше преку далечинско учење кога започна кризата,  па матурантите бараат истиот да не биде вклучен во државната матура

– Успеавме да најдеме компромис за второто барање, односно за материјалот што се учеше во трета и четврта година кога започна кризата. На државната матура ќе има многу едноставни прашања, што ќе биде олеснително за средношколците – рече Ходаи.

За второто барање, и самиот Ходаи укажа на важноста на матурата, меѓутоа поради актуелната ситуација истакна дека треба да биде прифатено, односно наместо четири да се полагаат два предмети и нагласи дека средношколците ќе инсистираат тоа да се оствари уште оваа учебна година, иако новиот концепт за матура на МОН од следната година го вклучува токму тоа барање.

ВО ЖИВО: Средношколците кај министерката Царовска за државната матура

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот