Државната каса се полни како и пред кризата

Министерство за финансии / Фото: МИА

Наплатата на буџетските приходите се враќа на предкризниот период и се очекува стабилизација на економија, оцени на прес конференцијата министерот за финансии Фатмир Бесими.

– Приходите во буџетот од почетокот на годинава, заклучно со февруари, се на речиси исто ниво како лани пред да почне криза. Наплатата на даноците изнесува 17,8 милијарди денари и е на исто ниво како и претходната година, додека наплатата на придонесите од 10,4 милијарди денари е за 1,7 проценти повеќе од лани. Реализацијата на расходите е со планирана динамика, исто како и буџетскиот дефицит –  рече Бесими.

Тој посебно го анализираше и февруари забележувајќи дека во овој месец има  раст на наплата на даноците за 3,5 проценти во однос на лани.

– Кај данокот на добивка имаме подобра наплата за 27,7 проценти во однос на истиот месец лани, а кај данокот на додадена вредност растот е 9,7 проценти. Кај придонесите растот е 4,3 проценти – рече Бесими.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот