Државата вратила 1,75 милиони евра, затоа што фирма злоупотребила европски пари?!
Државниот завод за ревизија во својот извештај за Министерството за финансии открива дека една фирма-добавувач, преку два договра неосновано добила 1,75 милиони евра од Инструментот за претпристапна помош (ИПА) , поради што државата морала да ги врати парите на Европската комисија. Во судска постапка е држават да си ги поврати парите од фирмата. Во истрагата за измамата била вклучена и Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ).
Препорачано
“Во рамки на спроведување на помошта според ИПА, во 2016 година од страна на ОЛАФ спроведена е истрага за фирма-добавувач и согласно извештајот од 2019 година, констатирано е дека РСМ треба да изврши поврат на исплатените средства за два договори од ИПА делот, за што во текот на 2021 година, врз основа на Одлука на Владата на РСМ, од разделот МФ – Функции на државата извршен е поврат на средствата кон Европската Комисија, во износ од 108.229 илјади денари. Во текот на 2020, 2021 и 2022 година МФ има преземено активности за известување и доставување на целокупната документација во врска со настаната состојба до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и до Државниот правобранител на РСМ, со цел спроведување на постапки за поврат на средствата во Буџетот на РСМ“, пишува во извештајот на Државниот завод за ревизија.


