Државата дава на колење 84 говеда од Кривопаланечко кои ги залови АХВ, касап ќе бара преку оглас
Владата решила Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), чии вработени заловија дел од проблематичните крави во Кривополанечко, да ги продава на јавен оглас на кој ќе може да се јават регистрирани кланици и месарници, објави БИРН.
Препорачано
Одлуката е усвоена на вчерашната владина седница, откако АХВ не знаеше што да прави со говедата што ги одзеде од претходните неодговорни сопственици, кои со години пуштаа стотици (според проценките повеќе од 500) крави слободно да шетаат низ целата околина, а тие им правеа штети на жителите на повеќе села.
Од АХВ велат дека досега имаат фатено вкупно 84 крави кои сега ги чуваат во штала. Кравите ќе бидат прегледани и доколку се во ред, ќе го објават огласот во понеделник.
По неодамнешниот протест на жителите кои побараа сопственикот, односно државата итно да ги собере, градоначалникот Сашко Митовски за БИРН изрази загриженост дека во меѓувреме поранешните сопственици „на терен го колат добитокот и го продаваат на црниот пазар“.
Во полиција неколкупати беа приведувани сопственикот на кравите и неговите ќерки, откако се обидуваа да ги спречат вработените во АХВ да ги заловат и да ги одведат кравите.
ВИДЕО: Тепачка и протест во Добровница – комшии ги пуштиле кравите во туѓа зелка


