Дритан Бакали нов командир на Полициската станица во Дебар

Фото: МИА

Советот на Општина Дебар на петтата редовна седница за нов командир на Полициската станица од општа надлежнист, го утврди Дритан Бакали, вработен во дебарското одделение за внатрешни работи.

Пред членовите на Советот имаше три предлози доставени од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, а подршката за Бакали беше едногласна.

Според вообичаената процедура предлогот ќе биде доставен до министерот, кој само формално треба да достави решение за именување.

Дритан Бакали роден е во Дебар 1972 година, тој е дипломиран правник а во Министерството за внатрешни работи е од 2007 година. Моментно тој е на позицијата инспектор за пограничен криминал.

Доаѓа на местото на Аргетим Војника кој во јуни минатата година беше именуван за началник на ОВР-Дебар, кое со својата активност ги покрива оваа и соседната општина, Центар Жупа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот