Дражен обожуваше да игра против Џордан: Тој е вистинска легенда (ВИДЕО)

Дражен Петровиќ за многумина е најдобриот европски кошаркар на сите времиња, кој не успеа целосно да го покаже сиот свој талент и во НБА лигата.

Причината е трагичната сообраќајна несреќа која се случи во 1993 година, во моментите кога Петровиќ сигурно чекореше во НБА лигата и се искачуваше на листата на најдобри играчи. Во последната сезона тој беше избран и во третата најдобра петорка во лигата.

Но почетокот во НБА не беше така добар за Дражен Петровиќ, во првата сезона ја грееше клупата во Портланд треилблејзерс, но во 1991 година се пресели во Њу Џерси нетс каде конечно доби шанса да покаже каков за каков кошаркарски виртуоз станува збор.

Неговиот соиграч од Њу Џерси и голем пријател на Петровиќ, Кени Андерсон се потсетува дека Хрватот обожуваше да игра против Мајкл Џордан.

– Секогаш кога ќе игравме против Џордан и Чикаго ми велеше: Кени, дај ми ја топката, во елемент сум, сигурно ќе му дадам поени. Дражен беше посебна, специјална личност. Сакаше да се покаже на секој натпревар, сакаше да биде еден од најдобрите. Беше како божество во Хрватска и во Европа, а кога дојде во НБА не доби шанса на почетокот.

Постојано зборувавме, дека постојано мораше да докажува. Беше одлично да се игра со него, а згора на тоа беше голем работник, прв доаѓаше на тренинзите, а последен си заминуваше. За својот професионализам можам да му се заблагодарам токму на него. Дражен е вистинска легенда – изјави Кени Андерсон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот