ДРАМАТИЧНО ВИДЕО: Грчки командоси ги извлекуваат граѓаните од покривите на поплавените куќи

Спасувачки операции од воздух на грчките командоси/Фото: Скриншот

Шокантни се видеата на кои се гледаат операциите на командосите на грчките вооружените сили, кои со воздухопловите супер пума летаат во поплавените подрачја за да ги спасат граѓаните кои останаа заглавени во куќите и на покривите од поплавените села.

Видеата покажуваат дека грчките командосите оперираат во тешки услови. Тие се спуштаат на покривите на куќите и им помагаат на граѓаните – вклучувајќи ги и децата – да ги напуштат погодените области и да бидат пренесени на безбедно.

Во Лариса постои интензивна загриженост поради можноста Пиниос да се излее и градот да се поплави, во контекст на лошото време Даниел. Според надлежните органи и Општината, висината на реката достигнала 10 метри.

Во неколку области на градот продолжуваат поплавите. Неколку квартови се евакуирани, а жителите се преместени на безбедно место поради излеаните бунари. Спасувачите продолжуваат да се обидуваат, дури и со чамци, да ги ослободат жителите. Во операциите учествуваат и десетици доброволци, кои заедно со службите на општина Лариса продолжуваат да полнат вреќи со песок кои се користат за насипи секаде каде што е потребно за што повеќе да се заштитат домовите.

Во истовреме се спроведуваат големи спасувачки операции за евакуација во Кардица. Вклучени се 22 воздухоплови(20 грчки и 2 швајцарски) кои летаат над погодените области. Властите спасија четиричлено семејство со 2 месечно бебе, како и уште едно семејство со новороденче старо 30 дена.

Од населбата Корда се евакуирани 30 лица, кои чекале да го напуштат поплавеното место. Операции се спроведуваат и во Маратеј, Корда, Џанули, каде 45 лица се евакуирани по воздушен пат, а 70 со брод, додека властите испраќаат постелнина, вода и храна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот