Драма во Загреб: Бразилец избол Босанец

Инцидент меѓу двајца странски работници утрово ја вознемирил загрепската населба Максимир, откако државјанин на Босна и Херцеговина бил повреден со остар предмет во стан каде престојувал со бразилски државјанин, пренесе босански „Н1“.

Според загрепската полиција, нападот се случил утрово во улицата „Ферде Ливадиќ“ во населбата Максимир, а повредениот веднаш бил пренесен во Клиничкиот болнички центар во Загреб.

Жителите на зградата за хрватските медиуми изјавиле дека слушнале силен крик што ги вознемирил станарите, по што на местото бргу пристигнала полиција.

На скалите и пред влезот останале видливи траги од крв, а просторот бил блокиран за увид.

Претставникот на станарите, Златко Шполјар, изјавил дека осомничениот Бразилец делувал вознемирено, но не беше агресивен и не избегал по инцидентот, туку останал во апартманот до доаѓањето на полицијата.

Според неговите зборови, двајцата работници пристигнале во зградата само еден ден претходно и претходно немало никакви проблеми.

Полицијата потврди дека бразилскиот државјанин се наоѓа под надзор и дека е во тек истрага што треба да ги утврди околностите и мотивите за нападот.

Со помилување криминалци, Вучиќ отвори врата за насилство врз студенти и граѓани, вели Академскиот пленум на Србија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот