Арон Фајперс и Дениз Ричардс / Фото: - / INSTAR Images / Profimedia

Драма во судницата: Поранешниот сопруг на Дениз Ричардс е уапсен за време на рочиште

Арон Фиперс, поранешниот сопруг на актерката Дениз Ричардс, беше уапсен во петок, 17 октомври, во судница во Лос Анџелес откако беше издадена потерница против него по обвинение за семејно насилство и заплашување на сведоци, пишува „Пипл“.

Имено, апсењето се случило за време на сослушувањето каде што се разгледувало барањето на Дениз Ричардс за продолжување на забраната за приближување, а Фиперс сега се соочува со четири кривични обвиненија кои вклучуваат физичко малтретирање и закани кон сведоци.

Според документите до кои дошло списанието „Пипл“, против Арон Фиперс се поднесени четири обвиненија: две за повредување на партнерката и две за обид за заплашување на сведок со сила или закана. Три инциденти наводно се случиле на 17 јануари 2022 година, а четвртиот на 3 мај истата година.

Адвокатот на Фиперс, Мајкл Финли, рече: „Сè уште не сум ги видел кривичните обвиненија, но верувам дека тоа се истите обвинувања што веќе ги оспоруваме. Очекуваме да се докаже дека се лажни, а Арон да биде ослободен од обвинението.“

Судот ја продолжи привремената забрана за приближување против Дениз Ричардс до 7 ноември, а Фиперс потоа беше уапсен во судницата и однесен во станицата Лост Хилс во близина на Малибу. Неговата кауција беше одредена на 200.000 долари.

Ричардс, 54, сведочеше на претходните рочишта дека нејзиниот поранешен сопруг физички ја злоставувал, тврдејќи дека ѝ предизвикал најмалку три потреси на мозокот. Еден од инцидентите се случил, според неа, во гаражата на неговата клиника, каде што „ја удрил во бетонски ѕид“. Вториот наводно вклучувал удар во главата, а третиот се случил во хотелска соба во Чикаго во април 2025 година.

„Ми ја стискаше главата толку силно, што се чувствував како да ми го крши черепот“, рече Ричардс, додавајќи дека често се заканувал дека ќе ја фрли низ прозорецот или од балконот.

На 8 октомври, Фиперс ги негираше сите обвинувања: „Никогаш физички не ја повредив Дениз, ниту пак ѝ се заканив. Сè што тврдат сведоците е измислено. Луѓето сакаат да бидат блиску до познати личности.“

Фиперс поднесе барање за развод во јули по шест години брак со Ричардс.

Дениз Ричардс се врати во куќата што ја делеше со својот поранешен сопруг: „Морав да влезам во тој валкан дом и да ги спасам моите 15 кучиња!“

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот