Драма во Чикаго: Убиен Србин, колегата обвинет за убиството си го одзел животот

полиција САД/ Фото: МИА

Во пукотница во предградието на Чикаго, Бур Риџ, убиен е Србинот Никола М., кој бил вработен во транспортна компанија, а ранета е девојка која била со него, пишуваат српските медиуми.

Пукањето се случило во просториите на компанијата, а за убиството е обвинет негов колега кој работел во истата компанија. По кратката полициска потера на автопатот 83, убиецот се самоубил пукајќи се во слепоочницата, бегајќи од неколку полициски патроли, пишува Нова.рс.

На пат кон болница починал Србинот Н.М, а засега е неизвесна здравствената состојба на ранетата девојка која исто така има српско државјанство. Таа е во болница, на интензивна нега.

Првите информации велат дека причина за овој трагичен настан е деловно недоразбирање.

Неименуван камионџија дошол во деловниот објект во кој се наоѓаат канцелариите на компанијата, каде по кратка дискусија пукал прво во Никола М., а потоа и во жената.

Инцидентот се случил околу 15 часот и 30 минути по локално време.

Џон Маден, началникот на полицијата на градот Бур Риџ, во чија област се случи инцидентот, на прес-конференцијата изјави дека органите на прогонот се уште не ги знаат мотивите за злосторството.

Тој призна дека не бил навикнат на такви ситуации, имајќи предвид дека Бур Риџ е мирен град во кој ретко се случуваат такви работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот