Мицкоски противниците: Влегоа како голтари, станаа милионери и нѐ влечат со нив во политичкото мочуриште

Димитар Ковачевски, Христијан Мицкоски и Али Ахмети / Фото Колаж на СП

Лидерот на најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ рече дека се слушнал со претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски. Тој очекува поддршка во вториот круг од Димитриевски, за кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова 8-ми мај.

„Се слушнавме и со Димитриевски. Знаете дека ние сме во коалиција во Куманово каде што тој е градоначалник. Очекуваме поддршка за нашиот кандидат од Максим Димитриевски, треба да го прашате да ви даде одговор“, рече Мицкоски.

Тој предупреди дека Македонија била заложник на неколкумина кои во политиката влегле како „голтари, а станале милионери“.

„Јас ги повикувам сите гласачи, на сите кандидати кои не влегоа во вториот круг да ја поддржат Силјановска Давкова и на тој начин Македонија ќе биде повторно горда и нема да биде понижена. Нема да тонеме во политичкото мочуриште, да не бидеме заложници на некои кои стана милиониери, а влегоа како голтари“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот