Димитриевски: ЗНАМ е опција која ќе ја придвижи Македонија напред

Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ, средба со граѓани/фото: Социјални мрежи/Maksim Dimitrievski

Претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски очекува голема поддршка од народот на 8 мај. Тој смета дека неговата партија и кандидатите за пратеници, можат да понудат нешто ново на политичката сцена и да ја придвижат Македонија напред.

„Заедно со нашите канадидати за пратеници поминуваме низ сите изборни единици. Нудиме нешто ново. Луѓе со интегритет, квалитетни луѓе, од кои секој има свој авторитет во средината кадешто пораснал, израснал. Сметам дека е време во Македонија да се избере нешто ново, поразлично од досега од класичното клише, едни исти луѓе во континуитет да ги гледаме во парламентот. Дел од другите листи, се листи за аболиција, помилување и добивање на имунитет“, рече Димитриевски.

Тој додаде дека нивните листи се креативни листи со коишто во паламентот ќе влезат нови идеи и нови размислувања.

„Јас знам дека повеќе никогаш во Македонија, како што реков и претходно, нема да биде исто. Затоа што ЗНАМ ќе биде тука, секогаш со граѓаните да биде корективот и на власта, а и на опозицијата. Ние нема да бркаме по секоја цена власт, туку едноставно имаме намера да ја смениме сликата којашто во континуитет ја гледаме, а тоа е една монета од двете страни подеднакво иста и сакаме ЗНАМ да биде тука позиционирана заедно со граѓаните. Очекуваме голема поддршка за нашите кандидатски листи под реден број седум. И апелирам до граѓаните да ја поддржат нашата реално остварлива програма“ рече претседателот на ЗНАМ – За наша Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот