Авион Ибериа, Фото: Balkan Prime Tours, ФБ ТАВ Македонија

Со првиот лет на Ибериа слетаа 120 шпански туристи во Скопје

Прв чартер лет на шпанската национална авиокомпанија Ибериа, од Мадрид, вчера попладне слета на Меѓународниот Аеродром Скопје и донесе 120 шпански туристи во Македонија, вклучувајќи и шпански блогери, кои ќе ја истражуваат земјава во следните неколку дена, објави денеска на својата Фејсбук страница операторот на аеродромите во државава ТАВ Македонија.

-Овој лет е резултат на соработката на домашниот тур-оператор Balkan Prime Tours и шпанскиот тур-оператор Sama Travel. Станува збор за пробен лет, кој е плод на иницијативата и активностите на ТАВ Македонија и македонскиот тур-оператор Balkan Prime Tours во изминатите неколку години, со цел отворање директни летови до Шпанија.Со овој лет на Ибериа, шпанските туристи ќе ја запознаат Македонија како туристичка дестинација, со цел да се создаде побарувачка за авионско поврзување меѓу #Скопје и #Мадрид и од страната на Шпанците, а врз основа на тоа авиокомпанијата Iberia следната година да отвори сезонски летови до шпанската престолнина – појаснуваат од ТАВ во објавата.

За пристигнувањето на шпанските туристи и блогери и првиот чартер лет во соопштение информира и македонскиот дојдовен тур-оператор Balkan Prime Tours.

-Ова е резултат на активностите на Balkan Prime Tours во изминатите неколку години, на контакти со нашите колеги во Шпанија, со што се надеваме дека ќе ја направиме Македонија атрактивна дестинација за шпанските туристи, и дека тие во иднина ќе доаѓаат во што поголем број – вели во пишана изјава Влатко Сулев оперативен директор на Balkan Prime Tours.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот